
Авиокомпанијата „flydubai“ најави дека од 1 април 2027 година повторно ќе воведе директни летови меѓу Скопје и Дубаи. Линијата ќе сообраќа трипати неделно, односно секој понеделник, четврток и сабота, нудејќи им на патниците опции за патување во економска и бизнис-класа. Обновувањето на оваа рута има за цел да ја зајакне туристичката и деловната размена и да ѝ понуди на дијаспората полесен пристап.
Благодарение на партнерството за заедничко користење летови со „Emirates“, патниците од Скопје преку Дубаи ќе добијат брза конекција до стотици глобални дестинации во Австралија и Азија со само една резервација. Почетната цена за повратен билет од Скопје изнесува 580 евра за економска и 3.000 евра за бизнис-класа. Летовите ќе се реализираат со модерната флота на „Boeing 737“, а на патниците ќе им биде обезбеден и брз сателитски интернет во текот на патувањето.












Comments are closed.